Неуро-вит

Те боли грбот?

Неуро-Вит ќе помогне.

Чувај ги нервите!

...
...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

За Неуро-Вит

...

НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети се комбинација на витамините Б1, Б6 и Б12.

Се употребуваат како дополнителна терапија за невритис и невралгија (невропатии), како на пример:

  • тригеминална невралгија
  • интеркостална невралгија
  • ишиалгија
  • лумбален синдром
  • цервикален синдром
  • синдром рамо-рака
  • радикуларен невритис
  • фацијална парализа

Витамин Б1- важен за метаболизам на јаглехидрати, обезбедува енергија за нормално функционирање на нервите и спроведување на нервни импулси.

Недостаток на Б1 доведува до појава на периферна невропатија, атрофија или мускулна слабост.

Витамин Б6 – го регулира метаболизмот на аминокиселини, липиди, сфинголипиди (основни состојки на миелинската обвивка на нервите) и невротрансмитерите (серотонин, адреналин), со што е одговорен за нормално функционирање на нервниот систем.

Витамин Б12 – учествува во метаболизмот на нуклеински киселини, липиди, сфинголипиди и миелин. Покрај ова го помага и создавањето на хемоглобин.

НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети се комбинација на витамините Б1, Б6 и Б12.

Се употребуваат како дополнителна терапија за невритис и невралгија (невропатии), како на пример: тригеминална невралгија, интеркостална невралгија, ишиалгија, лумбален синдром, цервикален синдром, синдром рамо-рака, радикуларен невритис кој се должи на дегенеративна болест на ‘рбетниот столб, фацијална парализа.

НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не треба да се употребуваат кај пациенти преосетливи на некоја од активните супстанции или на било која помошна состојка на лекот.

Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца (на возраст до 12 години).

1 филм-обложена таблета содржи 100 mg тиамин хидрохлорид, 200 mg пиридоксин хидрохлорид и 0.2 mg цијанокобаламин.

Те мачат болки во долниот дел на грбот и ногата?

Неуро-Вит ќе помогне.

Чувај ги нервите!

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

ДА СЕ РАЗМРДАМЕ

...
...
...
...
...
...

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

НЕУРО-ВИТ помага во исхрана и регенерација на оштетените нерви.

Што е невропатска болка?

Невропатската болка е сложен тип на болка која се јавува поради повреда или дисфункција во нервниот систем. Се дефинира како болка која произлегува како директна последица на лезија или болест на централниот или периферниот нервен систем. Причините за централниот нервен систем вклучуваат: мозочни удари, трауматски повреди, невралгии. Причините за периферниот нервен систем вклучуваат: невропатија на компресија/вклештување на нервите, исхемична невропатија, посттрауматска невропатија (се јавува по повреда или медицински процедури, како операција или инјекција), постхерпетична невралгија (може да се појави по вирусна инфекција на херпес зостер или ковид и дијабетична невропатија.

Кога сетилниот систем е погоден од повреда или болест, нервите во тој систем не можат да функционираат за да ја пренесат сензација до мозокот. и се опишува како чувство на болка во вид на боцкање, трнење  или печење. Таа може да исчезне спонтано, но често е хронична. Некогаш е силна и континуирана, а понекогаш повторувачка (се јавува и исчезнува во периоди). Често е резултат на оштетување на нервите или неправилно функционирање на нервниот систем. Оштетувањето на нервите доведува до промена во нервната функција на местото на повредата и регијата околу него т.е. деловите на телото кои се инервирани од оштетениот нерв. Невропатската болка се развива постепено, тоа е спонатана болка  која води до чувство на трнење (иглички), печење, прободување или пак недостаток на сензација (вкочанетост).

За многу пациенти, интензитетот на симптомите може да се намали и да опаѓа во текот на денот, а кај други да е континуирана и силнаНевропатската болка многу често е поврзана со оштетување на периферните нерви (невропатија) предизвикана од дијабетес или ‘рбетна стеноза, повреди и вклештување на нервите. Почетокот на болката може да биде одложен, па дури да започне месеци или години по примарниот настан на повреда.

Невропатската болка може да се спротивстави на ноцицептивната болка, која е тип на болка што се јавува при акутна повреда како кршење на прстот или прободување на прстот при одење бос. Овој тип на болка е типично краткотраен и обично реагира на вообичаените лекови за болка за разлика од невропатската болка.

Производот можете да го најдете во сите подобро снабдени аптеки и онлајн, во аптеките кои нудат ваков начин на продажба.

За Нуро-вит пакувањето од 10 филм обложени таблети не е потребен рецепт.